Трик со маскарата за природен изглед на вашите трепки

Трик со маскарата за природен изглед на вашите трепки

Маскарата е омилениот мејкап производ на многу девојки, бидејќи моментално прави чуда од нашите трепки и му дава сензуалност на нашиот поглед.

Мејкап експертите тврдат дека комбинацијата од црна и кафена маскара е најдобар начин да го истакнете своето око.

Кафената маскара, на окото му дава нежен и природен изглед. Експертите тврдат дека вашето око ќе изгледа посебно длабоко, кога на горните трепки ќе нанесете еден слој црна, а на долните трепки кафена маскара.

Со оваа комбинација, окото ќе ви биде посензуално и погледот ќе ви изгледа како задлабочен, трепките ќе ви изгледаат природно, а ќе бидат и дефинирани.