Три мејкап трикови за посвеж изглед

Три мејкап трикови за посвеж изглед

Малкумина се оние кои секоја вечер можат да си дозволат доволно сон, па токму затоа, понекогаш свежиот изглед мора да се лажира, а тука на сцена настапува шминката.

Ви носиме три супер мејкап совети, за свеж изглед околу очите, кои ги користат и славните… Бидејќи не мора баш сите да знаат дека не сте се наспале:

Внимателно одберете коректор за очи

Коректорот е најдобар пријател на уморните очи, но доколку погрешно е избран, може да имате потполно обратен ефект. Прегустиот или премногу реткиот коректор може да резултира со неприроден и несјаен изглед. Најдобар ефект ќе имате со коректор за лесна, хидратантна текстура, кој ќе ги покрие подочниците и темните кругови, а нема да изгледа како маска.

Моќта на белите моливчиња за очи

Белиот молив за очи, во последните неколку години е многу популарен и има моќ моментално да го освежи изгледот. Црниот молив, од друга страна, на уморните очи ќе има спротивен ефект. Решете се за малку поинаков мејкап и уверете се во магичниот ефект на белата или некоја друга светла нијанса на моливи за очи.

„Виткач“ за трепки

Овој „виткач“ е еден од алатките кои треба да се најдат во вашата мејкап торбичка. Освен што трепките ги прави поубави, а погледот заводлив, ги отвора очите и моментално им дава свеж изглед. Сето ова уште поубаво ќе изгледа доколку нанесете маскара само на врвовите.