Тргнува во 2022-ра година и ќе заплови по истата рута на која потона бродот Титаник пред 106 години

Тргнува во 2022-ра година и ќе заплови по истата рута на која потона бродот Титаник пред 106 години

Реплика на познатиот Титаник од 1912-а година, ќе тргне на прво патување во 2022-ра година и ќе плови по истата рута како неговиот претходник, а ова ги воодушеви луѓето ширум светот.

Титаник II ќе тргне на двонеделно патување од Дубаи до Саутемптон, а потоа ќе премине преку Атлантикот до САД и ќе плови во Њујорк, следејќи ја истата рута како Титаник од 1912-та година.

Новиот Титаник, чија изградба чинела околу 500 милиони долари, ќе има капацитет за 2.400 патници и 900 членови на екипажот.

Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како оригиналот и ќе има ист распоред на кабините, со тоа што ќе содржи технологија од 21-ви век.

Клајв Палмер, австралиски бизнисмен и претседател на компанијата „Blue Star Line“, најавил оживување на проектот во септември, после неколкугодишната пауза, поради финансии.

„Бродот ќе плови по истиот пат како првиот Титаник, но исто така ќе плови и низ целиот свет, а луѓето ќе се восхитуваат и инспирираат на секое пристаниште“, рекол Палмер.

Да потсетиме, оригиналниот Титаник потонал на 15-ти април, 1912-та година, откако удрил во ледениот брег, само четири дена откако испловил и се удавиле повеќе од 1.500 луѓе.

Потонувањето на Титаник во тоа време било голем шок, особено бидејќи за него се зборувало како за „брод кој не може да потоне“.

После 100 години, фановите на прочуениот филм „Титаник“, ќе имаат прилика да се возат со истиот брод на кој се заљубиле Роуз и Џек.

Меѓутоа, многумина го поставиле прашањето дали е паметно да се направи иста реплика на бродот кој потонал пред 106 години.