Трета победа во низа за Марк Маркез

Трета победа во низа за Марк Маркез

Хонда и Марк Маркез дојдоа до првата победа во Франција по 2014. година.

Шпанецот денеска беше далеку побрз од конкуренцијата, задачата му ја олеснија и конкурентите Андреа Довициозо и Жоан Зарко кои паднаа во текот на трката.

Иако се најавуваше дека ова ќе биде можеби и највозбудливата сезона во Мото ГП, сега би можела да стане прилично досадна. Марк Маркез покажа извонредно темпо во Ле Ман и стигна до голема победа пред Данило Петручи и Валентино Роси.

Шпанецот на стартот од трката загуби неколку позиции, но веднаш се врати во ритам и на 18 круга до крајот го помина Хорхе Лоренцо за да го заземе првото место. Пред ова, Андреа Довициозо ја загуби контролата над своето Дукати и заврши во песокот во моментите кога ја имаше лидерската позиција.

На крајот Марк Маркез се радуваше на трета победа во низа и креираше 36 бодови преднос на врвот во генералниот пласман во однос на Маверик Вињалес.