Тренерот на Баерн: Ако веќе загубивме добро е што е на овој начин

Тренерот на Баерн: Ако веќе загубивме добро е што е на овој начин

Баерн Минхен со негатива од 2-3 ќе патува во Париз на реваншот со ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Баварскиот великан синоќа создаваше шанси, но и промашуваше, додека ПСЖ максимално искористи се што можеше да се искористи за да дојде до победа.

Тренерот на Баерн, Ханси Флик е задоволен од настапот на екипата и покрај поразот.

„Ни дадоа три гола од само неколку акции колку што имаа, додека ние премногу промашивме. Можевме и до подобар резултат, но не бевме ефикасни. Без разлика на се, задоволен сум од настапот и начинот на кој игравме“ – вели Флик, и дополнува:

„Не сакам да губам, но ако веќе загубивме тогаш нека биде на ваков начин. Ако го погледнеме натпреварот може да очекуваме позитивен резултат во Париз и зошто да не продолжување на европското натпреварување“.

Реванш дуелот меѓу двата тима се игра на 13. април на „Паркот на принцевите“ во Париз.