Трејлер за новото продолжение на Deadpool

Првиот тизер на трејлерот за новото продолжение на филмскиот серијал Deadpool беше објавена на YouTube.

Со Рајан Рејнолдс, на големиот екран, повторно ќе имаме можност да ги гледаме Морена Бакарина, Џош Бролин, Брајан Хидбранд, па и Стефан Капичиќ, кому повторно му беше доверена улогата на Колос.

Филмот доаѓа во кината на 31 мај 2018 година.