ТРАНСФЕР ТРИАГОЛНИКПОМЕЃУ БАРСА-СИТИ-БАЕРН

ТРАНСФЕР ТРИАГОЛНИКПОМЕЃУ БАРСА-СИТИ-БАЕРН

Барселона грчевито бара начин како да дојде до Нејмар.

Па така каталонците, барем според пишувањето на Дон Балон, имаат намера да покренат еден навистина интересен трансфер триаголник. Прво да му го продадат Дембеле на Сити, со тие 105 милиони евра и нешто плус би го купиле Нејмар од ПСЖ, а Сане пак од Манчестер Сити би заминал во Баерн Минхен.

На прв поглед реално, но сепак клучен „играч“ за ова е Сане, дали тој ќе сака да оди во Минхен. И секако дека за целата „смислена акција“ на Барса треба „ДА“ да каже Пеп Гвардиола, стратегот на Сити и некогашен тренер на Барселона, но и на Баерн.