Тоти:Ди Франческо е вистинскиот избор за тренер на Рома!

Тоти:Ди Франческо е вистинскиот избор за тренер на Рома!

Медиумите во Италија на големо шпекулираат дека Еузебио Ди Франческо наскоро ќе добие отказ од таборот на Рома.

По последните лоши резултати и елиминацијата од Лигата на шампионите од раководството на Рома сериозно размислуваат да му врачат отказ на перспективниот тренер.

Сепак, поддршка за Ди Франческо стигна и од легендарниот фудбалер на Волчицата, Франческо Тоти кој призна дека целиот тим на Рома застанува зад својот стратег.

Целиот тим е со тренерот, се надеваме дека ќе ја подобриме нашата игра. Знаеме дека ќе биде комплицирано. Мора да бидеме силни и да го вратиме оној убиствен инстинкт. Ќе ме прашате зошто го бранам Ди Франческо? –Не дека е мој пријател туку затоа што сум голем фан на Рома и знам дека тој е вистинскиот избор за тренер. Ќе го бранам до самиот крај – заклучи Тоти.