Тотенхем синоќа го отвори својот нов стадион

Тотенхем синоќа го отвори својот нов стадион

Лондонски Тотенхем синоќа со победа над Кристал Палас од 2:0 го отвори новиот стадион.

Отворањето на новиот стадион на лондонскиот клуб доцнеше половина година, но очигледно е дека вредеше да се чека. Во новиот стадион Тотенхем вложи околу милијарда фунти и стадионот изгледа величенствено.

Изградбата на стадионот започна во 2016-та година, а новиот дом на лондонскиот клуб има капацитет од 62 илјади места и дефинитивно е еден од најмодерните во Европа и светот.