Тотенхем ја одреди цената за Ериксен!

Тотенхем ја одреди цената за Ериксен!

Британските медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дека Реал Мадрид и тоа како е загреан за ангажман на Кристиан Ериксен од Тотенхем за кој последователно трикратниот европски првак е подготвен да понуди 100 милиони фунти.

Меѓутоа денес  се појавија нови вести кои изгледаат како реплика на оние од вчера. Истите гласат дека Тотенхем за својот фудбалер одредил цена која е и повеќе од дупла во однос на она што го нудат кралевите.

АС и Мирор тврдат дека соптвеникот на клубот Дени Леви порачал дека Данецот може да си замине но само за сума од 225 милиони фути што е навистина огромна сума за Реал Мадрид.