Тотенхем испратил понуда до Реал за Бејл

Тотенхем испратил понуда до Реал за Бејл

Најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид, Герет Бејл најверојатно ќе го напушти клубот ова лето и покрај тоа што долго време тврдеше дека нема шанси да си оди пред крајот на договорот кој истекува за три години.

Марка утринава тврди дека за него стигнала понуда од Тотенхем, клубот каде Бејл играше од 2007 до 2013 година и во кој стана познат на пошироката светска фудбалска јавност. Наводно, пред неколку недели на адреса на Реал стигнала понуда во висина од 50-60 милиони евра и сега останува само да се убеди Велшанецот кој, најверојатно, нема да има ништо против.

Единствен проблем е платата на Бејл која изнесува 17 милиони евра по сезона, а кои Тотенхем ги нема или не сака да ги даде. Понудата изнесува вкупно 25 милиони евра за три сезони што е половина од она што тој би можел да го заработи во Мадрид.

Како и да е, ако сака да ја спаси својата кариера Бејл мора да си замине од Реал бидејќи Зидан не смета на него и претстојната сезона би можел целосно да ја преседи на клупата.