Торонто ги совлада шампионите на гостински терен и поведе со 2-1!

Торонто ги совлада шампионите на гостински терен и поведе со 2-1!

Кошаркарите на Торонто Репторс синоќа го совладаа Голден Стејт Вориорс во Оракл Арена со резултат 123:109 и поведоа со 2:1 во финалната серија од НБА лигата.

За секој нереален шут кој Стеф Кари го погоди, Каваи Ленард и Дени Грин имаа подготвен одговор.

Торонто Репотрс знаеше дека пред себе имаат тешка мисија, но сепак ги победија и поведоа во серијата.

Малкумина веруваа во вакво сценарио, пред почеток на сезоната никој не веруваше дека Торонто ќе дојде до финале, па дури и дека ќе води против Голден Стејт.

Сите стартери на Торонто беа двоцифрени на оваа средба, Ленард постигна 30, Лаури 23, Сиакам 18, колку што имаше и Дени Грин. Кај поразената страна, Стеф Кари имаше нестварни 47 поени, со 8 скокви и 7 асистенции.

Натпреварот број 4 е на програмата ноќта помеѓу петок и сабота, каде Вориорси ќе бараат сламка на спасот, а Торонто во случај на евентуална победа, ќе биде на чекор од сензационална титула.