Топ костими за капење на Х&М

Топ костими за капење на Х&М

Сезоната за на плажа е конечно тука, а Х&М нуди многу инспирации за лето 2017. Шведската модна марка објави нов тренди-водич во кој ги презентира „најжешките“ костими за капење.

Водичот е насловен ‘Sunshine State’, а во него позира моделот Кора Емануел облечена во различни модели на костими за капење, сончајќи се на песочната плажа.

Од бикини со флорален принт до костими со „спуштени раменици“ и модели со чипка, овие модели ќе ве освојат „од прва“.