Top Gear објави листа на најмоќните и најбрзите автомобили за 2018та година

Top Gear објави листа на најмоќните и најбрзите автомобили за 2018та година

Top Gear објави листа на најмоќни и најбрзи автомобили во 2018 година.

Како што пишуваат, годината која е речиси зад нас беше преполна со “непристојно” брзи автомобили, а на нивната листа се најдоа 15 модели кои се издвоени како најдобри.

Прв на листата е автомобилот C_Two на хрватската автомобилска компанија Rimac. Top Gear го опишува моделот како автомобил чии четири електрични мотори во комбинација развиваат 1914 коњски сили односно 1887 коњски сили кога ќе се одземе фрикцијата во преносот.

“Предните тркала самостојно користат по еден еднобрзински менувач, додека користењето на двојните двобрзински менувачи на задните тркала даваат вистински застрашувачка брзина. Rimac тврди дека C_Two развива максимална брзина од 415 км/ч”, пишуваат тие.

Според информациите кои Top Gear ги нуди, Rimac од 0 до 160 километри на час пристигнува за 4,3 секунди. Од компанијата сметаат дека нивниот нов заштитен автомобил од 0 до 300 км/ч. ќе пристигне за 11,8 секунди.

Доколку овие најави се покажат како точни, хрватскиoт супер-електричен автомобил ќе влезе во ексклузивниот клуб на брзи автомобили во кој спаѓаат моделите како Bugatti Chiron или Koenigsegg Agera RS. Освен C_Two на Rimac, на листата на Top Gear се најдоа и Bugatti Divo, Zenvo TSR-S, McLaren Speedtail, Ferrari Monza и Lamborghini Aventador SVJ.

Покрај нив, тука се и Chevrolet Corvette ZR1, Aston Martin DBS Superleggera, Nissan GT-R 50 Italdesign, Porsche 919 Еvo, Ferrari 488 Pista, BMW M5 Competition, Dodge Challenger Hellcat Redeye, Mercedes-AMG GT 4dr и McLaren 600LT.