Топ 20 фудбалски трансфери во јануарскиот преоден рок

Клубовите од Премиерлигата и овој пат дадоа најмногу пари за нови фудбалери во своите клубови.Најскапиот играч го купи Барселона.

Немаше шокантен трансфер во последните моменти како што тоа се случувало во минатото, сите зделки беа претходно најавени и долго време подготвувани. Најскап беше Кутињо, а потоа Ван Дајк, на листата е и Диего Коста кој иако претходно си замина, неговиот трансфер сега се смета за јануарски.

Англичаните потрошија најмногу, 492,5 милиони евра што е речиси десет пати повеќе отколку од клубовите од Серија А кој дадоа само 50 милиони евра за нови засилување. Во Шпанија купуваа за вкупно 271 милион евра.

Најголеми трансфери во јануари:

1. Филипе Кутињо, 120 + 40 милиони евра во бонуси (од Ливерпул во Барселона)

2. Вирџил ван Дајк, 79 + 6 милиони евра во бонуси (од Саутемптон во Ливерпул)

3. Диего Коста, 66 милиони евра (од Челси во Атлетико Мадрид)

4. Ајмерик Лапорт, 65 милиони евра (од Атлетик Билбао во Манчестер Сити)

5. Пјер Емерик Обамејанг, 64 милиони евра (од Борусија Дортмунд во Арсенал)

6. Седрик Бакамбу, 40 милиони евра (од Виљареал во БЏ Синобо Гуоан)

7. Иниго Мартинез, 32 милиони евра (од Реал Сосиедад во Атлетик Билбао)

8. Лукас Мура, 29 милиони евра (од ПСЖ во Тотенхем)

9. Андре Ајев, 23 милиони евра (од Вест Хем во Свонси)

10. Тео Волкот, 22,5 милиони евра (од Арсенал во Евертон)

11. Ценк Тусон, 22 милиони евра (од Бешикташ во Евертон)

12. Гуидо Кариљо, 21,5 милиони евра (од Монако во Саутемптон)

13. Мануел Акањи, 21,5 милиони евра (од Базел во Борусија Дортмунд)

14. Пиетро Пелегри, 21 милион евра (од Џенова во Монако)

15. Емерсон Палмиери, 20 милиони евра (од Рома во Челси)

16. Оливие Жиру, 17 милиони евра (од Арсенал во Челси)

17. Јирген Локадиа, 17 милиони евра (од ПСВ во Брајтон)

18. Баду Ндаје, 16 милиони евра (од Галатасарај во Стоук)

19. Франсис Коклан, 14 милиони евра (од Арсенал во Валенсија)

20. Сандро Вагнер, 13 милиони евра (од Хофенхајм во Баерн)

Жоао Марио отиде од Интер на позајмица во Вест Хем, Лестер на Њукасл му го позајми Слимани, а Борусија Дортмунд до крајот на сезоната го позајми Батшуаи и плати пет и пол милион евра со опција да го откупи комплетно во летниот преоден рок.Санчез заврши во Манчестер јунајтед, а Мхитарјан во Арсенал. На листата нема играчи кои се позајмени или заменети со други.