„Тојота“ повлекува повеќе од 2,4 милиони хибридни автомобили

„Тојота“ повлекува повеќе од 2,4 милиони хибридни автомобили

Јапонскиот гигант „Тојота“ објави денеска дека ќе повлече повеќе од 2,4 милиони хибридни автомобили поради грешка која би можела да предизвика несреќи, само еден месец по повлекувањето на околу еден милион хибридни возила поради друг вид проблем.

Компанијата во септември објави дека повлекува повеќе од еден милион хибридни возила во светот поради проблеми со електричната мрежа, што може да предизвика пожар во автомобилот.

Хибридните стартап автомобили користат два или повеќе извори на енергија наместо еден како кај традиционалните автомобили. Најчеста комбинација е бензински или дизел-мотор со електричен мотор.

Компанијата објави дека во моментов нема ниту еден вистински случај на дефект, но во „посебни околности” може да се случи возилото да остане без погон кога се префрлува на безбеден режим на возење.

„Дури и ако управувањето и сопирањето останат во функција, возењето со поголеми брзини може да доведе до зголемен ризик од судир”, велат од „Тојота“.

Портпаролот на компанијата изјави дека ќе бидат повикани сопствениците на погодените возила и дека проблемот треба да се реши со надградба на софтверот, што треба да трае околу 40 минути.