„ТОЈОТА“ нема да продава дизел автомобили во Европа

„ТОЈОТА“ нема да продава дизел автомобили во Европа

Јапонската компанија „Тојота“ ќе престане да продава дизел автомобили во Европа, беше соопштено на Автосаемот во Женева. Оваа одлука ќе почне да се применува уште од оваа година.

„Дизелот ќе биде отстранет од нашите патнички автомобили во 2018 година. Нема да развиваме нови дизел технологии, туку ќе продолжиме да се фокусираме на хибридни возила, што, исто така, е на барање на нашите муштерии“, изјави претседателот на „Тојота Европа“, Јохан ван Цил.

Минатата година, 15% од сите продажби на „Тојота“ во Европа беа дизел возила, додека во 2012 година беа двојно повеќе. Истовремено, значително се зголеми продажбата на хибридните автомобили на компанијата.

„Тојота“ во понудата ќе задржи само неколку комерцијални дизел возила, како камионетот „хилукс“ и комбето „проас“.