„Титаник“ повторно во кината

Легендарниот филм повторно ќе биде во кината по повод својата дваесет годишнина!

Многу кина во Америка повторно ќе почнат да го прикажуваат “Титаник”, а околу 20 ќе го направат тоа во 3D.

“Гледањето филм во 3D варијанти е незаборавно искуство. Едвај чекам сите да се чувствуваат така “, рече Камерон. – “Тонете во екранот и сè добива поинакво значење. Сите филмови во иднина треба да изгледаат вака. “Титаник” никогаш не бил подобар. ”

Светската премиера на “Титаник” беше на 19 декември 1997 година. Тој заработил 2,2 милијарди долари, и единствениот кој е пред него по историска заработка е “Аватар”.

Титаник освои 11 Оскари во 1998 година.