Титаник имал сосема поинаков крај

Титаник имал сосема поинаков крај

Еден од најгледаните филмови во историјата Титаник со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет имал сосема поинаков крај замислено според Џејмс Камерон.

На крајот од филмот остарената Роуз умира мирно во сон и се соединува со Џек по нејзината смрт. Филмот требаше да заврши на сличен начин, но една сцена беше избришана затоа што режисерот Џејмс Камерон одлучи дека е непотребна.

Во таа сцена, Роуз се искачува на оградата на бродот, а нејзината внука и истражувачот Брок мисли дека таа ќе се самоубие.

Во тој момент, Роуз им открива дека цело време го имала дијамантот кај себе. И покрај тоа што му дозволува на Брок да го задржи за момент, таа му кажува дека богатствата се всушност моменти во животот и дијамантот завршува во океанот.

Камерон реши да ја избрише сцената затоа што сметаше дека публиката не е заинтересирана за Брок и колку сцената ќе го наруши чувството за меланхолија кај гледачот, а на крајот на филмот Роуз беше сама во моментот кога го фрли дијамантот во океанот.