Тина Тарнер се враќа на сцената

Тина Тарнер се враќа на сцената

Тина Тарнер го погази својот збор и покрај тоа што, откако го загуби својот син пред две години и се пензионираше, сега го замрзна тој статус, сè за да направи ремикс на својот голем хит „What’s Love Got To Do With It“.

Тина се врати на музичката сцена на наговоро го норвешкиот продуцент и диџеј Кајга, кој направи ремикс на нејзиниот хит, кој првпат беше објавен уште во 1984 година.

28-годишниот Кајго ја објави веста на својот профил на Инстаграм, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.

– Сè уште не верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок. „What’s Love Got To Do With It? е една од моите најдраги песни на сите времиња и се чини нереално да имам прилика да работам со таква легенда – открил Кајго.