Тимот на Атланта Јунајтед ја освои МЛС лигата

Тимот на Атланта Јунајтед ја освои МЛС лигата

Фудбалерите на Атланта Јунајтед ја освоија титулата во американската МЛС лига. Пред 73.000 гледачи на „Мерцедес Бенц“ стадионот, Атланта ги победи Портланд Тимберс со 2:0.

Атланта Јунајтед му ја донесоа на градот првата титула по пауза од 23 години, кога Атланта Брејвс го освоиле бејзбол првенството на САД.

Хосеф Мартинез, најкорисниот играч во лигата, го постигна првиот гол во 39.минута. За Мартинез тоа беше 35.гол во сезоната. Конечниот резултат го постави Франко Ескобар во 54.минута.

Атланта постои четири години, а две години се натпреваруваат во МЛС лигата.

Тренер на овој тим е поранешниот селектор на Аргентина Херардо „Тата“ Мартино.