The Weeknd со романтични фотографии ѝ го честиташе роденденот на Бела Хадид

The Weeknd со романтични фотографии ѝ го честиташе роденденот на Бела Хадид

Бела Хадид наполни 22 години. За да ѝ го честита роденденот на својата сакана, The Weeknd сподели романтични фотографии и видео со неа.

На фотографиите, славната манекенка и 28-годишниот пејач изгледаат заљубено и среќно.

„Среќен роденден ангелу“ – напиша тој во описот.

The Weeknd, чие вистинско име е Абел, и Бела започнаа да се состануваат на почетокот од 2015 година, но на 11 ноември 2016 година објавија дека се разделуваат.

Тие ја обновија својата романса по Канскиот филмски фестивал и оттогаш се неразделни.

View this post on Instagram

happy birthday Angel 🖤❤️

A post shared by The Weeknd (@theweeknd) on