The Pussycat dolls се враќаат на музичката сцена

The Pussycat dolls се враќаат на музичката сцена

По речиси десет години повторно се собра еден од најпопуларните женски бендови на светот „The Pussycat dolls”.

Групата се распадна во 2010 година кога дојде до мала напнатост меѓу членките. Тие се надеваат дека сега, по десет години, ќе биде поинаку.

Никол признала дека една од причините за распадот на групата бил и нејзиниот проблем со исхраната – булимијата. Таа се чувствувало неспособно, а тоа не го споделила со нејзините колешки, кои не знаеле што се случува со нејзиното здравје.

41-годишната Никол Шерцингер официјално ја потврди оваа информација.

– Многу сум возбудена, сега сме возрасни, рече пејачката.

Девојките наскоро ќе започнат со голема светска турнеја која ќе ја најават за неколку месеци.