Tesla со концепт на автомобил без волан

Tesla со концепт на автомобил без волан

Tesla е единствената компанија која моментално овозможува одреден облик на автономно возење кај своите автомобили благодарение на познатата опција „Автопилот“.

Сега се чини дека американската компанија ќе се обиде уште повеќе да ја унапреди оваа опција и наскоро на купувачите да им понуди и автомобил кој воопшто ќе нема волан, а според американските медиуми, таквите автомобили би можеле да пристигнат веќе за две години.

Во рамките на најавите претставен е и концепт кој ја прикажува внатрешноста на автомобилот без волан, па се што може да се види е големиот дисплеј на централната конзола преку кој ќе може да се даваат команди и да се пристапува до бројните опции кај овој автомобил.

Основачот на Tesla, Илон Маск изјави дека периодот на транзиција сепак ќе потрае и роботските возила ќе се појават дури кога регулаторната комисија ќе процени дека автомобилите без волан можат да излезат на патиштата.

Поради тоа, многумина веруваат дека Tesla Model 3 е замислен како транзициско возило, со оглед на тоа што внатрешноста е дизајнирана за еден ден во иднина автомобилот да биде пласиран на пазарот и без волан.

Дизајнерските решенија ќе претставуваат голем предизвик затоа што воланот го има кај автомобилите од самиот почеток на автомобилската индустрија, но Маск тврди дека корисниците за брзо време ќе се навикнат на тоа и потоа самите ќе бараат автомобили без волан.