Тепачка меѓу навивачи на Црвена Ѕвезда и Келн

Околу десетици навивачи на Црвена Ѕвезда се уапсени по тепачка со домашни навивачи во Келн пред натпреварот меѓу двата тима во Лига Европа.

Германската полиција привела најмалку 30 луѓе, претежно српски навивачи од околу 100 колку што учествувале во тепачка во близина на Фрајзенвол, на пат кон стадионот на Келн.

Припадниците на германската полиција брзо реагирале и спречиле потежок инцидент.

Ситуацијата во градот засега е мирна.

Натпреварот меѓу Келн и Црвена Ѕвезда се игра вечерва во 19 часот.