Тенисерот Ѓоковиќ е на врвот на листата по заработка!

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но во една категорија засега сигурно е најдобар, а тоа е според заработката од играњето тенис.

Српскиот тенисер во својата професионална кариера само од наградните фондови на турнирите досега има заработено 91,24 милиони евра. Блиску до него е Роџер Федерер, а трет е Рафаел Надал. Интересно е тоа што Давид Федерер се најде помеѓу десетте тенисери со најголема заработка и интересно е единствениот без грен-слем турнир. Ова е доста чудно ако знаеме дека овие турнири носат најголема заработка, бидејќи колку за пример овогодинешните победници на УС Опен во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 3,5 милиони долари. Кај дамите, по заработката очекувано доминираат сестрите Вилијамс, а очекувано најмногу има заработено Серена.

ТЕНИСЕРИ И ТЕНИСЕРКИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО ИСТОРИЈАТА

1. Новак Ѓоковиќ – 91,24 милиони евра 

Грен слем титули: 12
Вкупно Титули: 68

2. Роџер Федерер – 89,56 милиони евра

Грен слем титули: 19
Вкупно Титули: 93

3. Рафаел Надал – 71,7 милиони евра

Грен слем титули: 14
Вкупно Титули: 73

4. Серена Вилијамс – 70,18 милиони евра

Грен слем титули: 23
Вкупно Титули: 72

5. Енди Мареј – 50,53 милиони евра

Грен слем титули: 3
Вкупно Титули: 45

6. Пит Сампрас – 35,96 милиони евра

Грен слем титули: 14
Вкупно Титули: 64

7. Венус Вилијамс – 31,51 милиони евра

Грен слем титули: 7
Вкупно Титули: 49

8. Марија Шарапова – 30,4 милиони евра

Грен слем титули: 5
Вкупно Титули: 35

9. Андре Агаси – 25,88 милиони евра

Грен слем титули: 8
Вкупно Титули: 60

10. Давид Ферер – 25,5 милиони евра

Грен слем титули: 0
Вкупно Титули: 27

11. Стен Вавринка – 25,44 милиони евра

Грен слем титули: 3
Вкупно Титули: 20

12. Викторија Азаренка – 23, 62 милиони евра

Грен слем титули: 2
Вкупно Титули: 20

13. Томаш Бердих – 23,33 милиони евра

Грен слем титули: 0
Вкупно Титули: 13

14. Агњешка Радванска – 22,1 милиони евра

Грен слем титули: 0
Вкупно Титули: 20

15. Борис Бекер – 20,84 милиони евра

Грен слем титули: 6
Вкупно Титули: 49

16. Ким Клајстерс – 20,31 милион евра

Грен слем титули: 4
Вкупно Титули: 41

17. Каролин Вожњацки – 20,15 милиони евра

Грен слем титули: 0
Вкупно Титули: 25

18. Мартина Хингис – 19,92 милиони евра

Грен слем титули: 5
Вкупно Титули: 43

19. Јевгениј Кафелников 19,84 милиони евра

Грен слем титули: 2
Вкупно Титули: 26

20. Светлана Кузњецова – 19,78 милиони евра

Грен слем титули: 2
Вкупно Титули: 17