„Тексас“ Супер концерт до последната минута (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

„Тексас“ Супер концерт до последната минута (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

(Фотографиите се дело на ( Miladin Papovic )

Овој петок во спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, македонската публика имаше можност во непосредна близина да ужива во изведбата на многубројните хитови по 25 годишното постоење на шкотскиот бенд „Тексас“.

Вокалот на бендот Шарлин Спитери, во нејзиниот искрен и разговорлив стил, не пропушти да сподели пред полната сала дека уживала во својот престој во Македонија, дека е воодушевена од нашата храна, но и музичкиот стил.

Таа воедно се извини што досега не настапиле во нашата земја, вети дека ќе дојдат повторно и се заблагодари на неколку пати за поддршката од обожавателите кои им овозможуваат да живеат од работата од нивните соништа.

Бендот ги изведе своите најголеми хитови од сите периоди на нивното постоење и атмосферата ја постигна својата кулминација кога при исполнувањето на хитот Say what you want, публиката беспрекорно хорски го пееше рефренот.

Шарлин враќајќи се на бис го изрази своето воодушевување од заедничкиот перформанс “каков што не доживеала никогаш претходно“.

Концертот беше во органзација на Авалон продукција и како дел од нивното одбележување на 25 години постоење.