Тејлор Свивт веќе не е најпопуларната пејачка

Тејлор Свивт веќе не е најпопуларната пејачка

Благодарение на нејзините бројни хитови, но исто така и бурниот љубовен живот, Тејлор Свифт одамна е најпопуларната пејачка во светот, а исто така беше најплатената пејачка на YouTube. Сепак, минатата недела ја преминаа, не еден, туку две пејачки.

Титулата прво и ја презеде Аријана Гранде, на почетокот на минатата недела. Аријана е моментално најуспешен женски уметник на YouTube, благодарение на огромниот успех што го постигна со последните два албума.

Тејлор остана на второ место за многу краток период, бидејќи Кети Пери за само неколку дена подоцна го зазема тоа место. Сега Кети има над 32,32 милиони претплатници на YouTube, што ја прави втората најпопуларна пејачка во светот. Нејзиниот канал расте со огромна брзина, па таа се заканува да ја симне Ариана Гранде од тронот.