Тејлор Свифт откажува концерти!?

Тејлор Свифт откажува концерти!?

Тејлор Свифт требаше да го отвори стадионот во близина на Лос Анџелес со настапи на 25 и 26 јули, но објави дека поради пандемијата од коронавирус ги одложува сите настапи до крајот на годината.

„Борбата против КОВИД-19 е невиден предизвик за глобалната заедница и безбедноста и благосостојбата на фановите секогаш мора да бидат приоритет“, изјави популарната пејачка.

Тејлор Свифт требаше да биде првата жена која со концерт отвора стадион на Американската фудбалска лига (НФЛ). Неговата изградба и опремување чинеле пет милијарди долари.

Во соопштението се вели дека одложените концерти ќе бидат презакажани за 2021 година.