Тејлор Свифт e изведувач на деценијата

Тејлор Свифт e изведувач на деценијата

Тејлор Свифт беше големиот победник на овогодишното доделување на Американските музички награди.

Во рацете на 29-годишната музичарка завршија вкупно шест статуетки, со што таа го сруши рекордот за најголем број освоени АМА награди. Тејлор сега може да се пофали со 29 АМА награди.

Таа не само што победи во сите петте категории во кои беше номинирана, туку беше прогласена и за Изведувач на годината.

Тејлор ги доби наградите за Изведувач на годината, Омилен поп/рок албум за „Lover“, Омилено музичко видео за „You Need to Calm Down“, Омилен женски поп/рок изведувач и Омилен современ артист за возрасни.