Тамара Тодевска стана најдобар интернационален артист

Тамара Тодевска стана најдобар интернационален артист

Тамара Тодевска за песната „Monsters” беше прогласена за Најдобар интернационален артист на музичкиот фестивал „Кенга Маџик“ во Тирана, Албанија.

„Многу сум среќна што сум тука. Благодарам за поканата. Сакам да кажам дека наградата е за моето семејство и за мојот сопруг и за сите кои ме сакаат и за мојата Македонија“ – изјави Тамара при примањето на наградата која ѝ беше врачена од албанската претставничка на Евровизија 2020.

Тамара двапати ја изведе „Monsters” на големата сцена. За време на првото претставување, 34-годишната ѕвезда го задржуваше вниманието во црвен фустан со драматични ракави и накит од колекцијата R-Zero на Rebecca.

„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

Деновиве, Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум, а до крајот на годината, ќе биде промовиран и спотот за „Monsters“.