Тамара Тодевска на петто место на листата за најлошо облечени

Тамара Тодевска на петто место на листата за најлошо облечени

Тамара Тодевска постигна најдобар пласман досега за нашата држава на Евровизија, но нејзиниот фустан наиде на модни критики.

34-годишната пејачка се најде на петтото место на листата со најлошо облечени претставници на овогодишниот музички натпревар.

На големата сцена во Тел Авив, Тодевска носеше зелена креација од Александар Ношпал.

Наградата Барбара Декс, која од 1997 година им се „доделува“ на учесниците со најлош моден избор, оваа година отиде во рацете на португалскиот претставник Конан Осирис. На листата се најдоа и претставниците на Кипар, Белорусија и Белгија.