Тамара Тодевска има нова тетоважа

Тамара Тодевска има нова тетоважа

Тамара Тодевска на прославата на националниот празник Денот на независноста во американската амбасада наиде на негативни реакции и коментари поради тоа што при изведба на македонската химна, го „прескокна“ делот каде се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Таа потоа се извини и јавно истакна дека токму таа строфа ќе ја истетовира на себе, па како што вети – тоа и го исполни и тоа го сподели на својот инстаграм профил.