Тамара Тодевска е Пејачка на годината

Тамара Тодевска е Пејачка на годината

Тамара Тодевска се закити со две награди на 23-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“.

34-годишната пејачка ги доби статуетките за Пејачка на годината и Хит на годината за „Proud“.  Македонската музичка ѕвезда, облечена во црна комбинација од дизајнерката Јелена Филиповиќ, настапи на сцената со евровизискиот хит. Таа не можеше да си ги задржи солзите откако доби громогласен аплауз по изведбата на моќната песна.