Талија присуствуваше на синоќешното доделување на Латино Греми наградите.
На манифестацијата во Лас Вегас, 48-годишната пејачка и актерка, кај нас позната по улогата на „Росалинда“, заведуваше во две сексапилни креации. Талија пристигна облечена во црвена креација од либанскиот дизајнер Жан-Луис Сабаџи и салонки од Кристијан Лобутин. Таа дефинитивно не старее.
Таа ја прими наградата „Premio de la Presidencia“ за нејзината долгогодишна музичка кариера.