Таа го покажа своето сексапилно тело и го разгоре Инстаграм!

Таа го покажа своето сексапилно тело и го разгоре Инстаграм!

Тешко дека јавноста наскоро ќе го заборави љубовниот триаголник на релација Бредли Купер – Ирина Шајк – Лејди Гага, но актерите на оваа драма  продолжија со своите животи и се чини дека сѐ е вратено во нормален колосек.

Убавата руска манекенка решила повторно да му ја покаже на светот својата сексапилна фигура, која долго беше во сенка поради љубовните перипетија, а нејзините разголени фотографии собраа огромен број на лајкови и комплименти на Инстаграм.

Имено, Ирина позирала во минијатурно бикини, истакнувајќи ја својата витка линија, долгите нозе и цврстото деколте, а на нејзиното тело навистина никој не може да остане рамнодушен.

Овие фотографии ги лајкнаа повеќе од 300 илјади луѓе, а не изостанаа ниту одличните коментари.

“Изгледаш како божица”, “Без сомнеж најзгодната жена на планетата”, “Бредли Купер е вистински среќник”, “Најубав ангел”, се само дел од коментарите кои се појавиле под фотографиите.

Инаку, нејзините следбеници не заборавиле да го искоментираат и нејзиниот природен изглед, со оглед на тоа што манекенката блескала иако немала ни еден грам шминка на неа.