Светски познатиот бренд Bürotime го отвори своето претставништво во Македонија

Светски познатиот бренд Bürotime го отвори своето претставништво во Македонија

Официјално започна со работа првата продавница на светски познатиот бренд Bürotime, кој е лидер во производството на канцелариски мебел во светот.

Со повеќе од 100 продавници и претставништва низ целиот свет, овој бренд успешно ги развива пазарите и влијае на квалитетот и подобрување на работната атмосфера.

На свеченото отворање присуствуваше сопственикот на Bürotime,  г. Хусеин Тосуноглу кој истакна дека овој пазар има голем потенцијал.

„Драго ми е што заедно со СПС Инженеринг ја шириме мрежата во овој регион, посебно во Македонија, каде има навистина голем потенцијал. Како групација наша задача е на глобално ниво да донесеме квалитет и да отвориме повеќе од 20 продажни салони низ светот, и да поставиме високи стандарди во канцелариското работење.“  – изјави сопственикот на компанијата Хусеин Тосуноглу.

На свечено отворање присуствуваа голем број на гости од бизнис секторот во Македонија, како и гости од Турција.

Имено, Bürotime и нивните дизајни се препознатливи насекаде, а нивната оригиналност и креативност е препознаена од светски здруженија и наградувана неколку пати од престижните дизајнерски награди како IF PRODUCT DESIGN AWARD 2018, TURKEY DESIGN AWARD 2017, 2016, 2015, 2014, GOOD DESIGN AWARD, RED DOT AWARD, и многу други.  Покрај канцелариски мебел компанијата изработува мебел и за индустриски цели, терминали, болници, и др.