Светската тенисерка број 1 Наоми Осака го отпушти својот тренер!

Светската тенисерка број 1 Наоми Осака го отпушти својот тренер!

Јапонката Наоми Осака направи изненадувачка одлука и го отпушти својот тренер Саша Бајин, кој ја донесе до врвот на светскиот тенис.

21-годишната Осака, која минатиот месец победи на Австралија Опен, откако лани го освои САД Опен, се заблагодари на соработката, но не кажа која е причината за разделбата.

Веќе нема да работам со Саша. Му благодарам за работата и му посакувам сè најдобро во иднина – напиша Осака на Твитер.

Бајин, кој претходно работеше како тренинг партнер на Серена Вилијамс, Каролин Вознијацки, Слоун Стивенс и Викторија Азаренка во 2018 година беше прогласен за најдобар тренер од ВТА турнејата.

Бајин, кој е Германец со српско потекло, почна да работи со Осака во 2017 година, и ја предводеше од 72. место на ВТА листата во топ 5 во 2018 година.

Ти благодарам Наоми и ти посакувам само најдобро. Ова беше лудо возење за нас и ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од ова – напиша тој.