Светската премиера на „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“

Светската премиера на „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“

Живописни дроиди и оклопни пушки рамо до рамо со холивудските ѕвезди и моќници ја овковечија светската премиера на „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, деветиот и последниот филм од познатиот научно-фантастичен серијал.

Компанијата Дизни го затворила цел блок во средиштето на Холивуд за да ја организира премиерата на нестрпливо очекуваниот филм, кој за општата публика ќе биде дистрибуиран во четврток.

Гостите до нивните места биле упатувани со ласерски мечеви, а тепихот не бил црве, туку син како небото, а над шаторот налик на вселенски брд, виселе украси со мотиви од сагата.

Актерот Харисон форд, чиј лик Хан Соло умре во седмиот дел, исто така се придружи на премиерата. Таму бил и адан Драјвер, кој во филмот го отелотвори витезот на Мрачната Страана.

Меѓу познатите, на премиерата беа и режисерот Стивен Спилберг и Спајк Ли, како и актерката Франсис МекДорманд.

Подемот на Скајвокер ја завршува филмската франшиза која во повеќе од 40 години само во благајните заработи повеќе од 9,2 милијарди долари.