Subaru го претстави концептниот електричен кросовер

Subaru го претстави концептниот електричен кросовер

Subaru го покажа својот целосно електричен концептен кросовер чиј тизер го објави претходно во текот на оваа недела.

Јапонскиот производител на возила Subaru дизајнираше концепт сличен на моделите на Tesla и го претстави пред избрана група на новинари. На тој настап ги најави своите планови за следната деценија, вклучително оној кој подразбира 40 проценти од продажбата до 2030 година да ја сочинуваат електрифицираните возила.

Засега концептот е најава за она што доаѓа, а тоа е целосно електричен кросовер кој ќе се појави пред 2025 година. Иако станува збор за футуристички дизјан, тој сепак содржи некои карактеристики на актуелниот дизајнерски јазик. Во долниот дел се сјајни црни детали, а тоа особено се однесува за пределот околу тркалата. Базата на предното стакло е позиционирана блиску до предниот дел на автомобилот, што резултира со пространа внатрешност. Фотографија од задниот дел засега нема, но веројатно одговара на скиците објавени претходно неделава.

Електричниот кросовер би можел да биде увид во новата платформа која Subaru ја развива во соработка со Toyota. Минатата година двете компании потврдија дека заедно ќе работат на новиот модел 86/BRZ, а најавен е и заеднички развој на нови електрични возила кои ќе се користат во комбинација со технологијата на Toyota за електрификација и експертизата на Subaru кога станува збор за погонот на сите четири тркала. Двете компании ќе соработуваат и во развојот на автономните и поврзани автомобили.

Во моментов Subaru има малку електрични возила на пазарот, а целосно електричната понуда се уште е со години далеку. Целата електрификација на Subaru ќе започне со хибридни модели кои ќе ја користат технологијата на Toyota.