Стресот и балансот помеѓу амбицијата и можностите

Стресот и балансот помеѓу амбицијата и можностите

 

“Не треба да се повлекувате во себе, затоа што тоа предизвикува стрес, и треба да избегнувате да јадете големи порции, особено нездрави производи“, вели доктор Бранимир Несторовиќ. Се повикуваме на неговиот блог и директно ви го пренесуваме, мислењето и советите на докторот во поглед на стресот.

Денешниот начин на живот е особено стресен. И апсолутно е веќе познато дека токму стресот е најголемиот предизвикувач на смртност, со тоа што директно влијае и предизвикува инфаркт, хипертензија, психички проблеми итн. Повеќето луѓе се заштитуват преку земање лекови, особено анксиозните. Иако станува збор за сигурни лекови кои го смируваат организмот, тие лесно стануваат зависни за нас.

Како класично школуван доктор, забележав дека освен лековите, медицината не нуди друга опција и постапка на пример есенцијалните масла, техниките на дишење, релаксација, јогата итн. Модерната медицина се однесува како овој дел на терапија и воопшто да не постои.

Во речиси сите совети за намалување на стресот стои клучниот совет што вели сменете го начинот на живот. Лично сметам дека тоа до крај е и невозможно со оглед на социјалните услови во кои живееме. Но можеме да делуваме на неколку работи, како на пример, намалете ги или целосно исфрлете ги нездравите навики кои помагаат стресот да надвладее со вас. На прво место, пушењето и алкохолот. Исто така една студија од 1995 година на Кохен, вели дека половина од пациентите кои доаѓале според напнатост и панични сравови земале преголема количина на антидепресиви или пак алкохол.

Не треба да се повлекувате во себе зошто тоа директно предизвикува срес, треба да избегнувате голема количина на нездрави производи како грицки или слатко. Постојано гледање во мобилниот телефон или пак прекумерното спиење. Празнење на околината со исфрлање на стресот и нервозата на нив никако нема да ви помогне, напротив.

Е како да го исфрлите стресот? Прво, научете се да кажете НЕ, не преземајте повеќе обврски од потребно, особено ако се работи за активности кои треба да се изведуваат истовремено. Мултитаскингот или популарно изведување на повеќе активности истовремено е еден од директните причинители на срес. Иако, мора да признаеме дека жените се тие кои полесно го поднесуваат мултитаскингот, и тие треба да се повлечат пред премногу обврски.

Вие бирате со кого и како ќе го поминувате времето. Избегнувајте личности кои се стресни за вас, личности кои ви ја одземаат енергијата. После контакт со нив се чувствувате многу исцрпено. Вие можете да ја контролирате вашата блиска околина. Ефектот на промени има одлично делување.

Доколку се најдете во стресна состојба, слободно изразете го вашето мислење, зошто секое потискање и премолчување прави стрес. Доколку некоја личност е напорна за вас, љубезно извинете се и повикајте се на итни обврски, така ја тргате енергијата која во вас се акумулира а подоцна е стрес за вас.

Важно е секогаш да се обидете да се привикнете на настанатата ситуација, пример, доколку сте заглавени во сообраќај со автомобилот наместо да се нервирате вие сватете го како можност да ја слушате омилената музика, песна или нешто друго што ќе ве развесели за момент. Кога ќе се најдете во состојба на проблем, застанете, запрашајте се какво значење ќе има за вас тој проблем за година дена, со одговорот ќе си го намалите значењето на тој проблем за вас. Доколку сте перфекциониста, обидете се да ги намалите очекувањата од себе а особено од другите.

Доколку сте во ситуација која неможете никако а ја контролирате првиот чекор е секогаш прифаќање на состојбата врз која немате влијание. Не се борете ако нема начин за успех, така ќе се истрошите. Важно во денешно време е да ги поделите чувствата со луѓето околу вас, и да научите да простувате.

Кога сево ова ќе го прочитате, единствено што треба да разберете дека во животот треба да се има реали цели. Големината на нашите стресови се всушност потикнати од социјалната интеракција, стравот од неприфатеноста, стравот од промени, стравот од тоа дека нема да бидете сакани. Овие стравови се ирационални, или модерни, тренди ставови во денешно време.

Движењето е лек за стресот. Од било кој тип, шетањето на кучето, возење точак, идете пешки, играјте. Новите истражувања укажуваат дека, физичката активност го буди организмот и го зголемува работењето на срцето. Срцето со својата работа директно делува на работењето на мозокот, особено хипокамусот. Познато е дека стресот директно влијае на овој дел од мозокот и довеува до негова атрофија. Познато е дека кога сте под стрес заборавате. (а хипокамусот е делот од мозокот кој е директно одговорен за меморијата, памтењето)

American Psychological Association вели дека, физичката активност доведува до комуникација на срцето со бубрезите и мускулите, во координација со мозокот. Оваа координација на органскиот систем е благодетот од физичката активност.

Пријателствата се злато, поврзете со личности кои добро делуваат на вас, и разговарајте со нив. Незаменливо е дружењето. Пример, најтешката казна во затвор е токму самицата, а денешната модерна технологија на смартфони ве води диретно во модерна општествена самица.

Конечно, обидете се во се што работите да внесете забава и задоволство. Смеењето е најдобар лек за сите болести. Докажано е притоа дека личностите кои се смеат повеќе имаат подобар имун систем, ниско ниво на хормонот на стрес, помалку чувствуваат болка, имаат опуштени мускули ( мала болка во вратот и грбот).

Смеењето ја намалува депресиата и напнатоста, а поседува и моќна социјална компонента. Луѓето ги сакаат оние кои се смеат, тие привлекуваат се околу себе, често знаат да бидат лидери во средината. Личностите кои се смеат избегнуваат конфликти.

Хобито е особено важно за намалување на стресот, доколку после работен ден, помалку или повеќе стресен вие се посветите на хобито кое го сакате, ќе се чувствувате задоволни и опуштени, како јас додека го пишувам овој блог, вели д-р Бранимир Несторовиќ.