Столе Димитриевски од наредната сезона во Валенсија!?

Столе Димитриевски од наредната сезона во Валенсија!?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е во плановите на Валенсија за идната сезона.

Шпанските медиуми денеска објавија дека скаутот на клубот Пабло Лонгорија во живо го следел натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Леганес со цел да се увери во квалитетите на нашиот чувар на мрежата.

Заедно со него биле и претставници на управата и се верува дека биле иницирани разговори со Ваљекано за Димитриевски. Македонскиот голман од оваа зима е целосно во сопственост на Рајо откако претходно дел од сопственоста над него имаше и Гимнастик.