Стоилов во составот на Вардар за дуелот со Рајн Некар

Стоилов во составот на Вардар за дуелот со Рајн Некар

Стојанче Стоилов се враќа од повредата и ќе биде дел од денешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Рајн Некар.

Тренерот на Вардар, Парондо најави дека Стоилов би можел да се врати за дуелот против Кјелце, но капитенот е во составот и за денешниот натпревар против Рајн Некар.
Можеби не е подготвен да има некоја поголема минутажа на теренот, но Стоилов ќе биде заедно со тимот кој денеска го игра мечот на колото.
Во составот се и Рожерио Мораец и Вуко Борозан кои имаа ситни повреди.
Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар почнува од 17:30 часот.