Стоилов поради повреда нема да настапи на натпреварот против Русија

Стоилов поради повреда нема да настапи на натпреварот против Русија

Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици.

Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи црвено-црните влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во СЕХА лигата, а потоа и во Лигата на шампионите.

Тој засега е неизвесен за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во Скопје следниот викенд, а потоа Врадар го чека двомечот со Кил во ЛШ за пласман на фајналфор турнирот  во Келн.