Што ни претстави AUDI овој пат ?

Што ни претстави AUDI овој пат ?

Со базна цена за Германија од 207.500 евра и 610 коњски сили максимална моќност, кабриолетот Audi R8 Spyder V10 plus ветува можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди и максимална брзина на движење од 328 km/h, која го претвора во најбрзото вакво остварување во целата историја на марката. Интересна карактеристика на погонскиот систем на Audi R8 Spyder V10 plus е функцијата за исклучување на моторот со внатрешно согорување и продолжување на движењето на возилото по инерција, која се активира секој пат по тргнување на ногата од педалот за гас при брзина на движење од над 55 km/h . За постигнување на просечна потрошувачка на гориво од 12,5 литри на 100 километри, суперспортскиот кабриолет се потпира и на системот за деактивирање на едниот ред цилиндри при ниски оптоварувања на моторот.

Секој модел на Audi R8 Spyder V10 plus е опремен со седумстепена роботизирана менувачка кутија S tronic, систем за погон на четири тркала, карбон-керамички дискови, специјални спортски седишта.