Што е тоа што ќе ги симне Apple и Samsung од врвот?

Huawei на саемот IFA во Берлин го претстави својот главен адут во борбата со Apple и Samsung – процесорот Kirin 970 којшто ќе биде клучен придвижувач на нивната визија за вештачка интелигенција.

Токму тој процесор ќе биде дел од нивниот следен модел Mate 10 којшто ќе биде претставен за месец дена во Минхен.

Kirin 970 е прва мобилна платформа на Huawei за вештачка интелигенција којашто содржи неутрална единица за обработка, а самиот чип содржи 5.5 милиони транзистори на само еден сантиметар квадратен. Го придвижува главен процесор со осум јадра, заедно со графички процесор со 12 јадра.

Во однос на 4-јадрениот Cortex-A73 CPU процесорски пакет, хетерогената архитектура на Kirin 970 испорачува до 25 пати повеќе перформанси со за 50 пати поголема ефикасност, наведува Huawei, потенцирајќи дека Kirin 970 испроцесирал 2.000 фотографии во минута, што е побрзо од било кој друг чип достапен во моментов на пазарот.

– Kirin 970 е прв во низата од нови унапредувања коишто кај нашите уреди ќе ги донесат моќните карактеристики на вештачката интелигенција и ќе ги постават над конкуренцијата, изјавил директорот на компанијата Huawei, Ричард Ју.

Тој верува дека неговата брзина и ниска потрошувачка на телефонот ќе му дадат апсолутна предност на новите Apple iPhone и Samsung модели.