Стерлинг најголема трансфер желба на Зидан!

Стерлинг најголема трансфер желба на Зидан!

Зинедин Зидан веќе ја почна реконструкцијата на тимот на Реал Мадрид, пристигна првото засилување – Едер Милитао од Порто, а наскоро се очекува финализација на трансферите на уште неколку играчи.

Сепак, најголемата желба на францускиот стручњак е фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Англискиот репрезентативец, роден во Јамајка, игра одлично оваа сезона во Премиер лигата, а иако само 24-годишен, веќе запиша 47 настапи за својот национален тим.

Неговиот договор со Сити е со важност до јули 2023 година, а сезонава на 39 натпревари постигна 19 гола. Сити нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра, а проблем може да биде и високата плата на фудбалерот која изнесува 18 милиони евра годишно.