Стефан Ристовски ќе игра во четвртфиналето на Лига Европа

Стефан Ристовски ќе игра во четвртфиналето на Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски нажалост не доби минутажа во дресот на Спортинг, но португалскиот клуб успеа да се пласира во четвртфиналето на Лига Европа.

Резултат со слика за стефан ристовски

Иако Спортинг имаше солидна предност против Плзен откако победи на првата средба со 2:0, домаќините успеаја да ја неутрализираат негативата со ист резултат, а драмата кулминираше во 92. минута кога Дост не реализираше пенал за гостинскиот тим.

Наместо радост за Спортинг, натпреварот отиде во продолженија, а таму Баталја во 105. минута ги постави конечните 2:1 или резултат кој го одведе тимот на нашиот Ристовски во четвртфиналето на Лига Европа.