”A Star Is Born” е новиот филм на Лејди Гага и Бредли Купер

”A Star Is Born” е новиот филм на Лејди Гага и Бредли Купер
Го објавија и првиот трејлер за филмот “A Star Is Born” на чие сценарио и режија се потпишува Бредли Купер, а главната улога ја толкува познатата пејачка Лејди Гага, а ова е четвртата верзија на класичната и легендарна приказна од 1937 година на авторот Вилијам Велман, но со нова и оригинална музика.

Филмот ја прикажува приказната за музичката ѕвезда која прави пауза во својата кариера и млада пејачка која е во подем на кариерата, односно нивниот комплициран однос кој никого нема да го остави рамнодушен. Лејди Гага во една прилика изјавила дека овој филм ѝ претставува остварување на нејзините соништа.

“Чест ми е што сум дел од овој неверојатен филм. Бредли е одличен продуцет, глумец и музичар. Филмот се вика “A Star is Born” и не можам да дочекам додека да се запознаете со Џек и Ели”, напиша Гага на својот Твитер профил.

Лејди Гага и Купер заедно имаат настапувано на големите фестивали како Гластонбери и Коачела со цел тие снимки од нивните “свирки во живо” пред илијадници посетители да бидат поавтентични.

Лејди Гага во филмот ги изведува песните кои ги напишала заедно со Бредли и неколку други музичари како Марк Ронсон.

Според прогнозите на Твитерџиите овој филм до следната година може да биде во конкуренција со други филмови за престижната награда Оскар.

Филмот се очекува за прв пат да се прикаже во октомври оваа година.