Stan Webb со својот бенд “Chicken Shack” овој петок во „Станица 26“!

Stan Webb со својот бенд “Chicken Shack” овој петок во „Станица 26“!

Гитаристот и вокалист Stan Webb доаѓа директно од Лондон во ноќниот клуб „Станица 26“ на 23 февруари, а овој ексклузивен концерт е во организација на концертната агенција и продукција “3Гонга“ и претставува Градска сесија број 10.

Оваа петочна концертна свирка ќе започне во 20 часот. На овие балкански простори во изминатите години имавме можност да ги проследиме легендите како Eric Clapton, John Mayall и редица други, а во петок ќе имаме можност во живо да го видиме и настапот на познатиот Stan Webb кој со својот бенд “Chicken Shack” оставија неизбришлива трага во историјата на британскиот блуз.

Покрај концертниот настап, македонските љубители на блузот ќе имаат ретко задоволство да се запознаат со легендарниот гитарист, а музичарот со големо задоволство ќе им ги потпише нивните плочи, редок настан кој не би требало да се пропушти!

Како млад талентиран гитарист, Stan Webb бил фасциниран од “црнечкиот” звук, особено од музичарите како Freddie King, Muddy Waters и Buddy Guy кои имаа големо влијание во градењето на неговиот сопствен музички израз кој во средината на шеесетите години го интепретира со својот состав „Chicken Shack””.

Во тоа време многу звучни имиња како “Fleetwood Mac”, John Mayall’s Bluesbreakers, “Savoy Brown”, “The Yardbirds”, “The Animals”, “The Rolling Stones”, Georgie Fame & The Blue Flames,The Spencer Davis Group… (со дел од нив Stan Webb и соработувал) создаваат се уште ненадминато богато музичко наследство, инспирација за многу генерации музичари кои по нив се појавија на сцената.

Во 1967 “Chicken Shack” потпишуваат договор со “Blue Horizon” и наредната година го издаваат својот прв албум нарецен “’40 Blue Fingers, Freshly Packed and Ready to Serve” кој постигнува голем успех, особено со сингловите “I’d Rather Go Blind” и “When The Train Comes Back”, благодарение на извонредната изведба, особено со гласот на Christine Perfect, која подоцна постигна светска слава како членка на “Fleetwood Mac””.